Време е за клупска одбојка, Струмица Никоб и Работнички Скопје ја бранат двојната круна

Викендов стартуваат првите натпревари во новата сезона од најдобрата македонска машка и женска одбојкарска лига/фото: vfmkd.mk

После освојувањето на бронзата во Европската сребрена лига за одбојкарите и настапот на младите одбојкарки на Европското првенство кај нас, време е за клупскиот репертоар на македонската одбојкарска сцена.

Вкупно 29 клубови на сениорско ниво веќе ја кренаа завесата на 31 сезона, во која Струмица Никоб и Работнички Скопје ќе ја бранат двојната круна од лани. Есенскиот дел од првенството ќе трае до средината на декември, а во двете најсилни конкуренции потоа ќе се игра втората фаза со шесте најдобри екипи кај мажите и четирите кај жените.

Нема промени во насока на натпреварувачкиот систем што значи дека во Првата лига (мажи) се планирани 11 кола есенва, односно секој ќе игра со секого по еднаш, а во Првата лига (жени) ќе има двокружен систем со вкупно 14 кола. Тоа важи и за Втората лига (жени) со напомена дека во неа ќе има 18 рунди затоа што учествуваат 10 екипи.

Одбојкарките на Работнички Скопје се радуваа во првиот меч за сезоната 2022/23, на гостувањето кај Струмица жени. Победата со 3:1 најавува дека и овој пат тие се главни кандидатки за освојување на пехарите.

Прва лига (мажи)
Прво коло

Петровец – Штип УГД (сабота 13.00)
Универзитет во Тетово – Лирија (сабота, 18.00)
Шкендија – Либеро (сабота, 18.00)
Сушево – Весна Пробиштип (сабота, 18.30)
ГОК Борец – Македонија Џио (сабота, 19.00)
– Слободна е екипата на Струмица Никоб

Прва лига (жени)
Прво коло

Струмица – Работнички Скопје 1:3 (17:25, 25:23, 18:25, 12:25)
Фит фан волеј – Македонија Макс (сабота, 13.00)
Наковски волеј – Вардар ЕМ (сабота, 18.00)
Јанта волеј – Вардар (понеделник, 18.00)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот