Вратени 10 милиони евра кај потрошувачите во Европа

Европските потрошувачи решаваат најголем дел од своите грижи со помош на Мрежата на европски потрошувачки центри (ЕЦЦ-Нет), која им помогна на потрошувачите да вратат речиси десет милиони евра само минатата година.

Како што наведуваат во нивниот последен извештај, голем е бројот на приговори за авиокомпаниите. Иако според Уредбата за правата на патниците во воздушниот сообраќај, потрошувачите имаат право на надомест од 600 евра во случај на доцнење или други проблеми, се случува авиокомпанијата да одбие да плати или едноставно да ја игнорира постапката за жалба.

Мрежата на европски потрошувачки центри потоа посредува во решавањето на тие спорови и тоа е нивната примарна работа. Оваа мрежа, велат, одговорила на околу 118.000 барања на потрошувачите минатата година.

-Тие вклучуваат доцнења на летови, прескапи викендици, лажни билети за концерти, откажани возови и многу повеќе. Целта на нашите специјализирани правни експерти од 29 земји на ЕУ е секогаш да се најде правично и вонсудско решение. Минатата година успеавме да вратиме околу 10 милиони евра за потрошувачите, но економскиот бенефит е уште поголем, бидејќи оваа мрежа помага и во информирањето и предупредувањето на потрошувачите. На пример, со тоа што ќе ги научиме да ги препознаваат и избегнуваат замките на различните измамнички практики – наведува мрежата, пренсува Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот