ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер во Катар колабираше на теренот

Играчот од Мали, Усман Кулибали се наоѓа моментално во добра состојба/Фото: Принтскрин/Твитер/Reino Futbolero

На натпреварот од катарското првенство меѓу екипите на Ал-Рајан и Ал-Вакраха, играчот на гостинската екипа Усман Кулибали колабираше на теренот, по што лекарскиот тим мораше да го оживее. Информациите велат дека тој преживеал и моментално е во стабилна состојба.

Во финишот на првото полувреме фудбалерот од Мали колабираше на теренот, а сцените додека се тресеше беа застрашувачки. Играчите на двете екипи веднаш викаа до лекарскиот тим да реагира кој го реанимираше.

Неколку минути подоцна на стадионот во Доха пристигна брза помош, а играчите на двата тима со неверување следеа што се случува, додека дефанзивецот беше пренесен во болница.

Неговиот клуб Ал-Вакраха објави дека Кулибали за среќа е добро, во стабилна состојба и е задржан во болница поради дополнителни тестови.

Инаку, натпреварот не продолжи и беше прекинат по првото полувреме при водство на домашните од 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот