ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ од претепаниот Ејупи

twitter/24sata.hr

Славен Белупо денеака објави вознемирувачки фотографии од својот фудбалер, повремениот македонски репрезентативец Музафер Ејупи кој вчера во Копривница беше претепан со шипка.


„Нашиот фудбалер Музафер Ејупи се наоѓа на домашна нега во својот дом во Копривница и се опоравува од тешкиот физички напад и претрпените „лесни физички повреди“ кои ги доживеа пред два дена. За какви „лесни“ повреди се работи може да се види од приложените фотографии. На Музо му посакуваме брзо опоравување со што помалку последици и што е можно побрзо враќање на зелените терени за да можеме заедно да остваруваме подобри резултати. Исто така би сакале да апелираме на сите до хрватски медиуми одговорно и објективно да ја информираат јавноста“, стои во соопштението на Славен Белупо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот