Воведена забрана: Кинескиот гигант против употребата на биткоинот

„Алипеј“, делот за дигитално плаќање на „Алибаба“, објави дека ќе ги забрани сите трансакции поврзани со биткоинот и другите криптовалути.

„Алипеј“ го повтори својот анти-крипто став на „Твитер“, при што предупреди дека компанијата внимателно ги следи сите вон-берзански трансакции со цел да го индентификува нерегуларното однесување и да осигура почитување на соодветните прописи.

– Доколку се утврди дека било која трансакција е поврзана со биткоинот или други криптовалути, „Алипеј“ веднаш ќе ја стопира релевантната услуга на плаќање – велат од компанијата.

Овој потег следи по разните информации дека „Алипеј“ се користи за трансакции со биткоини.

Големата крипто-берза „Бајненс“ потврди дека започнала да прифаќа флет фалути преку услугата за плаќање по пат на интернет од „Алипеј“ и апликацијата за размена на пораки и наплата „Вичет“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот