17.8 C
Скопје

Волшебна ноќ на „Охридско лето” -домашна џез музика и публика од сите генерации (ФОТО)

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето”  вчеравечер продолжи со извонреден настап на членовите на Здружението на џез музичари на Македонија- Колектив со гудачи.

Премиерниот концерт под ѕвезденото небо над сцената „Долни Сарај” и пред публиката која го исполни и последното место од гледалиштето го изведоа 23 врвни македонски музички уметници под диригентската палка на маестро Емин Џијан.

-Ова е втор настап на Здружението на џез музичари на „Охридско лето”. Претходниот пат одржавме целовечерен концерт во 2017 година со „Биг бенд”, бендот на Здружението. Годинава имаме уметници од  Националната Опера и балет, од Национална филхармонија, можеби звучи нескромно, но сметам дека овде е кремот на џезерите во Македонија. Би рекол, сериозна екипа, на интересно место, изјави претседателот на Здружението на џез музичари Гоце Стефковски.

Џез уметниците на сцената донесоа свои композиции специјално создадени за овој концерт со што  ја потврдија посветеноста во креирањето и создавањето нови дела во македонските џез текови.

-Овојпат се одлучивме за варијанта со гудачки оркестар, најмногу заради оние композиции што ги направивме специјално за овој концерт. Изведовме дела компонирани и аранжирани од членовите на Здружението.Тоа за нас е новитет, не свириме аранжмани правени од светски познатите композитори, туку комплетно македонски, домашен музички продукт. Сметам дека тоа не е мала работа, туку напротив сериозна задача што си ја поставивме пред себе. Многу сме благодарни за организацијата на „Охридско лето” што ни овозможи да направиме еден од најубавите концерти од ваков формат, рече Стефковски.

Тој додаде дека композициите се создавани и аранжирани од членовите на Здружението на џез музичари изминатиот период во екот на ковид-пандемијата и оти за вчерашниот настап биле доволни само пет проби на професионалните музичари за да се  направи концертот што долго ќе се памети.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е основано во 2016 година со единствена цел, да ја афирмира и негува џез културата во земјава. Освен дома,  ја промовира македонската џез музика и надвор од границите на Република Северна Македонија. Во него членуваат  дел од најреномираните џез музичари од Македонија, студенти и професори на џез академиите во Скопје и Штип, како и слободни уметници, љубители и помагатели на овој вид уметност.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар