Волонтери на Црвениот крст утре и задутре ќе им помагаат на граѓаните да се справат со високите температури

Црвен крст / Фото:Архива на Слободен печат

Обучени волонтери и возила на Црвениот крст утре и задутре ќе патролираат на најфревентните локации низ Скопје, со цел да им помогнат на граѓаните да се справат со високите температури. Како што информираат од Црвениот крст, тие ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе се вршат и мерење на крвниот притисок. Доколку забележат посериозен здравствен проблем, тимот на Црвениот крст ќе изврши транспорт до најблиската здравствена установа, или, пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.

Тие во директен контакт со населението, ќе дистрибуираат информативни материјали/флаери со совети за заштита од топлотен бран, совети за консумирање и приготвување храна и препораки за консумирање вода, информираат од Црвен Крст.

Во поглед на грижата за здравствената и психофизичката состојба, Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток на располагање е мобилниот телефон: 071/223-972 . Екипите, кои се составени од доктор и парамедик,, преку редовните дежурства за време на викендите и празниците, на планинските станици Водно и Матка, ќе се вклучат во поддршка на граѓаните кои ќе ги посетат овие локации преку делење совети за заштита при движење во планина, превенција од шумски пожари како и пружање медицинска помош во случај на незгода – се наведува во соопштението.

Во целокупните активности за заштита од топлотен бран ќе бидат вклучени 200 обучени волонтери од кои 50 на територија на град Скопје и 150 во другите градови низ државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот