Волковчанец со пиштол им се заканувал на соседите, полицијата го уапсила

Фото: МВР/илустрација

Маж од Волково со пиштол им се заканувал на соседите, соопшти МВР.

„На 26.07.2022 во 01.30 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(50) од с.Волково, затоа што околу 00.50 часот во с.Волково со пиштол им се заканил на соседите С.С.(44), В.С.(44), Д.С.(45) и Ј.С.(70)“, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот