Водителот на Греми предизвика реакции во јавноста поради „невкусни“ шеги за време на шоуто

Instagram

Водителот на овогодинешното доделување на Греми наградите, комичарот Тревор Ноа предизвика бурни реакции во јавноста со неговите шеги.

37-годишниот Ноа, го отвори шоуто споредувајќи ги Греми наградите со неодамнешните политички немири во Капитол, зборуваше за кокаин, се шегуваше за глобалната пандемија и за британското кралско семејство, па многумина реагираа дека ова се прилично контроверзни изјави за ваков вид на настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trevor Noah (@trevornoah)

Јас ќе бидам вашиот домаќин вечерва славејќи ја музиката од последните десет години што нè забавуваше во последните десет години од коронавирусот… Знам дека помина само една година, но изгледа како да поминале десет“, се пошегува Ноа.

Водителот започна со објаснувањето дека шоуто ги следи здравствените протоколи, шегувајќи се дека „ова ќе биде едно од ретките доделувања на награди каде белите работи во носот на ѕвездите се памучни брисеви“.

Имено, комичарот не можеше да изостави некои од скандалите кои ја тресат светската јавност изминатиов период, па атмосферата на доделувањето на музичките награди ја опиша како „понапната од онаа што владее меѓу членовите на кралското семејство“.

Но сепак, најмногу реакции имаше за неговата изјава дека „Греми наградите се најголемиот настан оваа година, освен немирите во Капитол“.

Го исклучив преносот веднаш по шегата за нападот во Капитол. Мислите дека беше смешно? Срамота“, напиша еден корисник на „Твитер“, а други заклучија дека не е смешно да се шегуваш со луѓе кои загинаа во истите немири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот