Водителката Миа Костова му кажа чао на „Бекстејџ“ (ФОТО)

Познатата и атрактивна водителка Миа Костова веќе некое време не ја гледате на тв-екраните како водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ и за тоа има причина.

Костова со уредниците на емисијата се договорила да се повлече од екраните и да остави простор на помладите колешки да ја заменат.

Не се работи за никакви кавги и недоразбирања како што се зборува низ чаршијата, туку напротив, Миа е во супер односи со целиот тим и одговорните на емисијата.

– Нема никаква кавга, никакви расправии. И требаше само одмор и тоа е тоа. Ќе се врати повторно – накусо ни изјави извор близок на Костова.

Таа преку својот профил на Инстаграм го најави повлекувањето, но кажа дека наскоро ќе ја видиме со нов проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот