(Видео) Толпата која маршира за правда пристигна пред комплекс судови

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Џабир Дерала прв држи говор, кој вели дека не треба да заборавиме на жртвите на режимот.

Стотина лица кои земаа учество на маршот „Чекориме за правда“ пристигнаа до комплескот судови, каде лидерот на СДСМ треба да одржи говор. Џабир Дерала прв држи говор, кој вели дека не треба да заборавиме на жртвите на режимот.

-Само амнестија ги интересираше, само да се извлечат од своето дивеење. Не се грижеа за ништо и никого, освен за сопствените криминални интереси. Да чекориме за правда- вели Дерала, прв човек на ЦИВИЛ.

Меѓу пратениците кои се излезени на маршот можат да се забалежат, Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ, раководството од Агенцијата за млади и спорт, односно директорот, Дарко Каевски, Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Македонија, генералниот секретар Љупчо Николовски, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Овој марш синоќа го најави лидерот на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев, а уследи откако вчера попладне пратениците го изгласаа Законот за Јавно обвинителство, како и законот за Совет на јавни обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот