Во Тетово приведен кичевец баран со потерница

Фото: Архива

Дваесет и четиригодишен кичевец кој бил баран со потерница бил приведен вчера во Тетово.

„На 18.02.2024 околу 14 часот и 30 минути на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 24-годишниот Р.М. од Кичево. Тој бил баран со централна потерница со судска наредба за издржување на затворска казна“, информираат од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот