Во Тетово преку ден полицискиот час се почитува, ноќеска тројца приведени

МВР објави дека  полициски службеници во периодот од 10 до 11 април извршени се 233 контроли кај лица во изолација,  45 контроли кај лица во самоизолација.

 Изминатото деноноќие тетовската полиција бележи три лица кои не ја почитувале забраната за движење и биле приведени. Во текот на денот во Тетово низ градот се почитува ограничувањето на движењето и досега нема регистрирано лица кои ја прекршуваат мерката.

– Движењето е овозможено на поединци со дозвола за движење која ја издава Министерството за информатично општество и администрација. Сите тие треба да го пријават движењето и на бројот 192, информираа од СВР Тетово.

МВР објави дека  полициски службеници во периодот од 10 до 11 април извршени се 233 контроли кај лица во изолација,  45 контроли кај лица во самоизолација, во државен карантин се спроведени 59 лица во три објекти во Тетовско, информирата денес од МВР.

Воедно во изминатото деноноќие на пет лица во Тетовско им се издадени решенија за изолација, а 16 луѓе потпишале изјави за самоизолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот