Во Тексас загина инструктор по падобранство, при скокот не се отворил падобранот

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Инструктор чиј падобран не се отворил загинал при скок од авион во саботата, соопшти падобранскиот центар „Скајдајв Хјустон“.

„Скајдајв Хјустон и целата заедница за падобрани длабоко жалат за загубата на нашиот инструктор и пријател“, соопшти компанијата.

Скокнале заедно со ист падобран

Трој Гидри, шериф на округот Валер, изјави за Си-Ен-Ен дека клиентот и нејзиниот инструктор извршиле заеднички скок со истиот падобран во близина на градот Валер, северозападно од Хјустон, во саботата попладне, и дека „падобранот не се отворил“.

Тој додаде дека и двајцата се пренесени во болница во Хјустон, а жената е во критична состојба. Причината за несреќата се истражува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот