Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3475 дози вакцини

Вакцинација во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799 762 граѓани, ревакцинирани се 763 031, а трета доза примиле 1197 граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 осто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 осто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 осто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот