ВО ТЕК ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО САРАЈ: Полицијата заплени 1,3 тони кокаин

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

МВР потврди дека во моментов има голема полициска акција во Крушопек, каде моментално се врши претрес.

Во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај, каде запленети се 1,3 тони кокаин, пренесуваат медиумите. МВР потврди дека во моментов има голема полициска акција во Крушопек, каде моментално се врши претрес, но засега не соопштуваат за количината на евентуално запленетата дрога или уапсените лица.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.

Од засега непознати причини рутата е сменета и пратката завршила во Крушопек.

Полицијата потврди веста дека во тек е полициска акција која според МВР се спроведувала по наредба на јавен обвинител и по наредба на судија на претходна постапка.

Неофицијално, таа е насочена кон неколку локации во селото за кој се верува дека имало складирано заради дрога.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот