Во тек е пријавување за еднократна помош од 3500 денари за секое прваче во Аеродром

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром и годинава на секое прваче во некое од општинските основни училишта ќе им додели по 3500 денари, со што, како што велат од Аеродром, директно се помага на семејниот буџет и ги мотивира најмладите за успешен почеток на учебната година.

Од Општината информираат дека во тек е е пријавувањето за доделување еднократна парична помош, а рокот за пријавување е до 29 септември. Потребните документи за пријавување родителите можат да ги преземат на општинската веб страницата во делот „документи“, но исто така можат да ги добијат и директно во просториите на Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот