Во средно училиште во Тетово се однесувале силеџиски со новинар, ЗНМ реагира

Училиште / илустрација / Фото: Мустаф Јонузи / Google Maps

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешното попречување на вршење на работата на новинарот Невриj Адеми од порталот Тетова Сот, на кој непознато лице му ја одзело опремата и насилно го исфрлило од просториите на тетовско средно училиште од страна на непознато лице.

Според изјавите на колегата Адеми, денеска во просториите на тетовското средно училиште ,,7-ми Март”, додека чекал да сними прилог со директорот на ова училиште, од страна на непознато лице му бил одземен мобилниот телефон и турнат микрофонот. Веднаш потоа истото лице користејќи груб речник, се обидел да го истурка новинарот надвор во училишниот двор.

„Еден човек излезе од канцеларијата на директорот на училиштето кој ми рече дека директорот не е на работа и дека бил многу зафатен со обврски. Јас му одговорив дека ќе го почекам тука и во тој момент човекот ме фати за рака за да ме избрка надвор, јас му реков да не ме допира. Тој продолжи да ме брка од училиштето и ми го зема телефонот и микрофонот од рака“, изјави Адеми.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое го спречило новинарот Адеми да ја врши својата работа. Ова е втор инцидент кој се случува годинава со новинарот Невриј Адеми, тој во првиот немил настан беше бркан од лице со секира од место на кое исто така снимал прилог, за што напаѓачот беше кривично гонет, а потоа и осуден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот