Во Србија сѐ повеќе цивили имаат оружје, по ова земјата е трета во светот

оружје купување сад
Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Белградска Н1 соопшти дека според податоците од швајцарскиот истражувачки проект Small Arms Survey од 2018 година Србија се наоѓа на третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивилите.

„Соодносот на Америка од 120,5 огнено оружје на 100 жители, во однос на 88 на 100 во 2011 година, далеку го надминува оној на другите земји во светот. Во Србија таа бројка е 39,1 на 100 жители“, пишува Н1.

Денеска Европа ја потресе веста за убиството на 8 ученици и еден чувар во Белград.

Ученик од 7-мо одделение од белградското училиште ОУ „Владислав Рибникар“ Коста К.(13) уби 8 ученици како и обезбедувачот на училиштето, а тешко повреди шест ученици, како и наставник, со истрели од огнено оружје.

Во Србија прогласена тридневна жалост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот