Во Србија два пати прободена во гради 58-годишна жена

Фото: СП Архива

58-годишна жена со иницијали Б.И. е сериозно повредена денес во Црна Бара во близина на Богатиќ, Србија кога 27-годишен маж со иницијали И.И., од истото село, ја ранил со нож, потврди полицијата на Шабац за српските медиуми.

Откако била прободена два пати во градите, жената била пренесена во болница во Шабац.

Полицајците брзо пристигнале и со предупредувачки истрели го принудиле напаѓачот да го фрли крвавиот нож на земја. Против него ќе бидат поднесени кривични пријави за обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот