Во Србија 299 новозаразени од коронавирус, починаа 7 лица

Фото: МИА

Државниот Кризен штаб денеска не ја одржа редовната конференција за новинари во 15 часот, а министерството за здравство и владата не ги соопштија причините за откажувањето.

Српските здравствени власти пријавија денеска уште 7 жртви од ковид-19 и уште 299 новозаразени од коронавирус, додека официјалната статистика бележи натамошен пад на бројот на хоспитализирани и релативно помал број на пациенти на респиратори.

На коронавирус во Србија во последните 24 часа се тестирани вкупно 10.033 примероци, а 299 биле позитивни, што значи дека вкупно досега се регистрирани 27.332 случаи на ковид-19.

Бројот на хоспитализирани пациенти е во пад веќе подолго од една недела – од 4.501 колку што имаше на 29 јули до 3.224 денеска, а помал е бројот на заболени на распиратори – од 162 пред седум дена до денешните 120, но епидемиолошките показатели и натаму се високи.

Србија, според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата на 3 март вкупно тестираше  723.137 лица, а заклучно со 6 август има 27.332 регистрирани случаи и 621 жртва на коронавирус, и процент на смртност од 2,27.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот