Во сообраќајка кај Валандово повредени девет лица

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

На регионалниот пат во близина на село Раброво, валандовско рано утрово се случила тешка сообраќајка. Од МВР информираат дека повредени се девет лица.

„Вчера во 04:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, управувано од Г.А.(35) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(74) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, додека возачот на возилото „цитроен“ и шест сопатници од истото возило, како и сопатник од тракторот Д.Н.(56) се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица и Здравствен дом Валандово“, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот