Во Словенија над 6000 нови случаи, 60 отсто од тестираните – позитивни

Фото: mia.mk

 Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 6012 нови инфекции со коронавирус, што е најголем процент на позитивни тестови досега.

Од10.299 ПЦР тестови има 6.012 позитивни резултати или 58,4 отсто, а бројот на новозаразени е речиси двојно поголем од пред седум дена, кога беа 3.360, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Во земјава има 66.777 активни случаи на коронавирус, 14-дневната инциденца е 3152, а просечниот број на дневни инфекции за последните седум дена е 6.029.

Вчера беа потврдени 7.580 нови случаи, што е најголем број дневни инфекции од почетокот на епидемијата, при што 53 отсто од тестираните биле позитивни.

Во болниците во моментов има 514 пациенти со Ковид, од кои 154 се на одделенија за интензивна нега. Починаа уште пет пациенти, со што бројот на починати се искачи на 5.696 од почетокот на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот