Во Скопје 41 новозаразен, најмногу во Чаир и Карпош

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На подрачјето на Град Скопје денеска е регистриран 41 новозаразен со коронавирусот, од кои најмногу – 24 се од Чаир, по што следат Карпош, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во Скопје има вкупно 760 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 192, во Центар 66, во Бутел 68, во Гази Баба 63, во Аеродром 61, во Карпош 57, во Сарај 55, во Кисела Вода 37, а во Арачиново и Ѓорче Петров по 23. Следат Шуто Оризари со 21 активен случај на КОВИД-19, Студеничани со 20, Илинден со 18, Петровец со шест, Чучер Сандево со три и Сопиште со два случаи, а има и двајца заразени странци.

Од почетокот на кризата со кронавирусот во Скопје вкупно 1.373 лица се заразиле со КОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот