Во Скопје 120 случаи на голема кашлица, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести

ДОКТОР
Фото: Unsplash

Од почетокот на годината, заклучно со 1 март, регистрирани се вкупно 120 случаи на голема кашлица на територија на Скопје, изјави денеска за МИА доктор Лулзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје.

На Универзитетска Клиника за детски болести во главниот град, моментално има само едно дете со голема кашлица. Станува збор за доенче од Куманово, примено на скопската Детска клиника во петокот, а неговата здравствена состојба е стабилна, потврди за МИА професор Светлана Кочева од Клиниката за детски болести.

Комисијата за заразни болести ќе има состанок утре од 12 часот, ќе се расправа за состојбите во државата, а меѓу темите се и големата кашлица и грипот. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот