Во „Систина“ и во „Жан Митрев“ народот платил 110 милиони евра лани

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во 2020 година во овие две болници се слеале 69,1 милион евра или 40,9 милиони евра помалку од лани.

Во „Аџибадем Систина“ минатата година граѓаните оставиле  77,5 милиони евра, а во „Жан Митрев клиник“ 32,5 милиони евра, или само во овие две приватни здравствени установи, за извршените здравствени услуги, народот платил 110 милиони евра! Во 2020 година, пак, во овие две болници се слеале 69,1 милион евра или 40,9 милиони евра помалку од лани. Ова го покажуваат податоците за приходите на здравствени установи, кои порталот „Пари“ ги обезбеди во соработка со Бизнисмрежа.мк.

Во Македонија, според регулативата секој има здравствено осигурување, но корона-пандемијата го клекна здравствениот систем на колена, а приватните здравствени установи, каде што многумина побараа спас, тоа добро го наплатија. Додека на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат апели за собирање пари за помош на болните, на површина исплива и болната вистина, дека за една недела лекување авансно се бараат по 12.000 евра. На крај, сметките што стигнуваа до граѓаните беа страшни, 20-30 илјади евра без разлика дали пациентот преживеал или не. За жал, некои останаа и без пари (често и позајмени) и без своите најблиски.

За корона-профитерство најдобро зборуваат податоците за остварените профити во однос на вкупните приходи.

Минатата година „Аџибадем Систина“ на вкупен приход од 77,5 милиони евра направи нето-добивка (оданочена, чист профит) од дури 17,3 милиони евра. Или, стапката на профитабилност на „Аџибадем Систина“ (нето-профит во однос на вкупен приход) изнесуваше дури 22,3 проценти, пишува „Пари“.

Со 32,5 милиони евра приход, Клиничката болница „Жан Митрев“ минатата година направила нето-добивка од 9,2 милиони евра. Или, стапката на профитабилност на „Жан Митрев“ била дури 28,3 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот