Во Русија се предлага конфискација на имотот на луѓето кои ги дискредитираат руските вооружени сили

Русија референдум/ Фото Viktor Antonyuk / Sputnik / Profimedia

Претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин предложи денеска да се конфискува имотот на луѓето кои ги дискредитираат руските вооружени сили.

„Сегашните санкции, како што се паричните казни на луѓето кои ги критикуваат акциите на руските сили во Украина, не се доволни”, наведе Володин.

Претседателот на Думата на „Телеграм” напиша дека предлага да се воведат промени во рускиот кривичен законик, врз основа на кои ќе биде неопходно да се конфискува имотот на луѓето кои ја напуштиле Русија и кои го фалат нацизмот, објавуваат екстремистички идеи или ги дискредитираат руски вооружени сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот