Во ПСЖ се налутија: Ќе ги тужат медиумите поради Мбапе

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Главна тема во изминатиот период во француските спортски медиуми е Килијан Мбапе.

Прво се започна со информациите дека Мбапе не бил среќен и дека сака да го напушти ПСЖ веќе во јануари. Подоцна самиот фудбалер ги демантираше таквите најави, а од вчера се актуелни наводни нови информации за договорот на Мбапе.

„Ла Парисиен“ објави дека Мбапе за три години ќе добие бруто примања од ПСЖ во износ од 630 милиони евра. Објавено беше дека годишната плата на францускиот играч е 72 милиони евра, а не 50 милиони како што беше првично наведено, додека бонусот за потпишување на договорот бил 180 милиони, што е за околу 80 милиони повеќе од претходно објавената сума.

ПСЖ ги демантиршае ваквите информации.

„Клубот може да потврди дека приказните во медиумите се погрешни и ниту еден детал не е точен“, стои во клупското соопштение.

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо од свои извори дознава и дека во ПСЖ ќе го тужат францускиот весник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот