Во продажба влезниците за можниот историски меч за ЕУРО 2020!

Фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално објави дека влезниците за натпреварот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година против Израел се пуштени во продажба.

Последниот квалификациски меч од евроквалификацискиот цисклус против Израелците избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го играат на 19 ноември со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Да потсетиме дека Македонија ги одржа уште математичките шанси за второто место во групата „Г“ која води на ЕУРО 2020, но затоа ќе биде потребно прво да се совлада Австрија на 16 ноември во Виена, а потоа и славиме и над Израел, но воедно во последното коло Австријците треба да загубат на гостувањето кај „аутсајдерот“ Летонија.

На табелата моментно води Полска со 19 бодови која веќе го обезбеди настапот на ЕП, потоа второпласирана е Австрија со 16 бодови, следуваат Македонија, Словенија и Израел по 11, а Летонците се последни без бодови.

Селекторот Игор Ангеловски веќе ги собра фудбалерите за претстојниот дуел против Австрија.

Повеќе информации околу цените на влезниците за дуелот Македонија-Израел можете да погледнете на линкот ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот