Во Полска уапсени двајца Руси, ширеле пропаганда за „Вагнер“

Полска уапси двајца Руси за дистрибуирање на пропагандни материјали на Вагнер / Фото Твитер

Полска приведе двајца Руси кои дистрибуирале пропагандни материјали на „Вагнер“ низ неколку полски градови, изјави министерот за внатрешни работи Мариуш Камински.

„Агенцијата за домашна безбедност идентификуваше и приведе двајца Руси кои дистрибуираа пропагандни материјали на групата „Вагнер“ во Краков и Варшава“, напиша Камински на платформата за пораки Икс.

Двајцата се обвинети, меѓу другото, за шпионажа и се уапсени од страна на полицијата.

Низа постери со логото на руската приватна платеничка група „Вагнер“ се појавија на улиците на Краков, објавија во саботата полските медиуми. Во последните неколку недели, руските платеници од групата Вагнер се појавија на границата со Белорусија, што полскиот премиер Матеуш Моравјецки го прогласи за обид за дестабилизација на источното крило на НАТО.

Полското Министерство за одбрана најави испраќање дополнителни сили на таа граница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот