Во Полошко данок на имот плаќа секој петти обврзник

фото: ЕПА/ЕФЕ

Општина Гостивар должи пет милиони евра, а Општина Тетово повеќе од 14 милиони евра, затоа што во Полошкиот Регион данок на имот плаќаат не повеќе од 20 отсто од даночните обврзници.

Плаќањето данок на имот е инвестиција во развојот на општините, е заклучокот што произлезе од дебата со наслов „Мотивација на граѓаните за плаќање даноци“, на која учествуваа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, на Куманово – Максим Димитриевски и на Тетово –  Билал Касами. Организатор беше Општина Гостивар како дел од кампањата за сензибилизирање на граѓаните за зголемување на наплатата на даноци.

– Почнувајќи од вработените во Општина Гостивар, градоначалникот и сите други луѓе да плаќаат што е можно повеќе даноци, со единствена цел плаќањата на даноците да бидат инвестиции во општината. Приходот на општините зависи од плаќањето на даноците и мислам дека голем дел од граѓаните се подготвени да го сторат тоа – рече Таравари.

И во Тетово е голема даночната евазија, но градоначалникот Билал Касами очекува дека ќе успеат да ја зголемат свеста кај граѓаните за плаќањето на обврските кон општината.

Општина Гостивар должи пет милиони евра, а Општина Тетово повеќе од 14 милиони евра, затоа што во Полошкиот Регион данок на имот плаќаат не повеќе од 20 отсто од граѓаните.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски изјави дека процентот од даночните обврзници што редовно плаќаат данок на имот е многу мал.

– Нема богата општина без богати граѓани, но сепак општините се сиромашни поради ниското ниво на фискална децентрализација на државата. Најголем дел од средствата што се собираат од даноци кај нас завршуваат кај централна власт, а на општините им останува само основното – изјави Димитриевски.

Тој сепак се пофали дека за време на неговиот мандат во претходните четири години, Општина Куманово успеала да го анулира долгот од 11 милиони евра и сега нема побарувања кон оваа единица на локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот