Во мешовитата комисија има „позитивна атмосфера“, вели Драги Ѓоргиев

Драги Ѓоргиев во „Тема на денот“ на телевизија Сител / 15 август 2022 / Фото: Скриншот, Фејсбук

Разговорите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска поминале во позитивна атмосфера, а се разговарало само за учебниците, информира копретседателот на КомисијатаДраги Ѓорѓиев по денешната средба во Скопје, која продолжува и утре.

„Сè уште нема никаков конкретен резултат, заклучок, конкретно усвоена препорака. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема во 9 часот и 30 минути“, изјави Ѓоргиев за ТВ Сител.

Тој рече дека имале позитивна атмосфера во разговорите на кои, како што информираше, денеска дискутирале само за учебниците и се запазени нашите интереси.

„Апсолутно, секогаш кога дискутираме за тоа, во прв ред се интересите на Македонија, се разбира“, рече тој.

Во однос на донесените решенија, Ѓоргиев информираше дека денеска не е донесена никаква одлука. – Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев. Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот