
Во Кривичен денеска пресуда за тројцата обвинети за загадување и создавање диви депонии во Вардариште
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата против три лица обвинети за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, поврзано со создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи на последното рочиште признаа вина за стореното дело, но нивната одбрана тврдеше дека нема докази дека токму тие се одговорни за пожарите на депонијата. За ова кривично дело, според Кривичниот законик, е предвидена затворска казна од три месеци до три години.
Поднесено обвинение против тројца за депониите во Вардариште
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против тројцата на 11 септември, наведувајќи дека од 2020 до септември 2025 година на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје незаконски вршеле дејност за откуп и складирање на старо железо, акумулатори и други метали без дозвола и без регистрирано правно лице.
Со своите активности, според обвинението, обвинетите создавале диви депонии и со тоа влијаеле врз квалитетот на воздухот и почвата, предизвикувајќи опасност по животот и здравјето на граѓаните.
Во однос на пожарот во Вардариште, од Обвинителството соопштија дека се издадени повеќе наредби за откривање на други можни сторители и дека е во завршна фаза вештачењето за утврдување на одговорноста. Се испитуваат и сомневања за други незаконски активности поврзани со складирање отпад во Шуто Оризари, каде на 9 јули изби голем пожар што не можеше веднаш да се стави под контрола.