Во Калифорнија регистрирана серија од 152 земјотреси

Повеќе од 150 земјотреси се регистрирани долж границата меѓу Калифорнија и Мексико, а најсилниот земјотрес беше 5,3 степени според Рихтеровата скала, објавија денеска американските медиуми.

Земјотресите биле со епицентар во рурална област во близина на езерото Салтон, во јужна Калифорнија, соопшти Американскиот сеизмолошки институт.

– Регистрирани се 152 земјотреси од сите размери, изјави сеизмологот Пол Карузо, кој додаде дека областа не е густо населена.

Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот