Во Италија од коронавирус починаа 94 доктори, 26 медицински сестри

Уште седум доктори починаа во Италија, пренесува РАИ. Вкупно, 94 лекари ја загубија битката во земјата од почетокот на пандемијата.

Еден пензиониран кардиолог е меѓу новите починати, известуваат тие.

Според достапните податоци, вкупно 12.681 медицински работници се заразени со коронавирусот во Италија.

Досега починати се 26 медицински сестри, а 6.549 се заразени.

Во Италија, една од земјите кои се најтешко погодени од пандемијата, строгите карантински мерки со зголемена контрола на граѓаните ќе бидат во функција до 13 април, а како што е најавено, можно е да бидат продолжени и до почетокот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот