Во Индија најавено тестирање со вакцината на „Модерна”

Модерна тестира вакцини против ХИВ/Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Индиската здравствена деловна групација „Тата” соопшти дека започнале првични преговори со американската фармацевтска компанија „Модерна” за употреба на нејзините вакцини во Индија.

Во извештајот на индискиот дневен весник „Економик тајмс” се наведува дека деловната групација треба да формира заеднички експертски тим со индискиот Совет за научни и индустриски истражувања, кој ќе биде одговорен за спроведување клинички испитувања на вакцината на „Модерна” против ковид-19.

За разлика од вакцините на „Фајзер”, кои мора да се чуваат на температура од минус 70 степени Целзиусови, вакцините на „Модерна” може да се чуваат во обичен фрижидер, што ги прави попосакувани за сиромашните земји како Индија, кои ја немаат потребната инфраструктура за одржување и складирање на вакцините.

Врз основа на претходните истражувања, утврдено е дека вакцината на „Модерна” е ефикасна до 94,1 отсто и е одобрена за употреба во САД во декември и во Европа на почетокот на јануари годинава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот