Во Грција регистрирани 3.565 нови случаи

Земање брис / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 3.565 нови случаи на Ковид-19, што претставува највисок број во изминатите три месеци, со оглед на тоа дека последен пат над 3.500 новозаразени имаше на 20 април, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа девет лица, а 121 пациент е приклучен на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Новите случаи се од 89.521 направен тест, oд кои 70.761 се брзи тестови.

Најголемиот број новозаразени и овој пат се во областа Атика, поширокиот регион на Атика, вкупно 1.607, 334 се на Крит, а 254 се во Солун

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот