Големи поплави во Иран, најмалку двајца луѓе загинаа

Фото: Твитер

Најмалку две лица загинаа во поплави во северниот и западниот на Иран предизвикани од обилни дождови, јавија денеска државните медиуми.

Државната служба за итни случаи соопшти дека во последните 24 часа едно лице починало во провинцијата Казвин, а друго во Илам.

Едно лице загина од гром во провинцијата Западен Азербејџан.

Метеоролошкиот оддел на Иран предупреди за сезонски дождови во многу области низ земјата и во главниот град Техеран.

Обилните врнежи, кои следеа по повеќедецениската суша, беа предизвикани од климатските промени.

Водата што се излеа по дождовите ги загрози зградите и патиштата кои беа изградени во близина на речните корита без безбедносни мерки.

Во јули 2022 година, најмалку 61 лице загина во лизгање на земјиште и во поплави низ целата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот