Во голема меѓународна акција уапсени деветмина во БиХ

Полицајци во Босна / фото: профимедиа

Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во соработка со колегите од хрватското МВР и Европол од утрово спроведуваат голема меѓународна акција против трговијата со луѓе, дознава босански Кликс.

На територијата на Република Хрватска се уапсени четири лица и извршени се претреси на четири локации, додека на територијата на Босна и Херцеговина, поконкретно, кантонот Тузла, уапсени се девет лица и извршени се претреси на 13 локации.

Цел на акцијата се шверцери на луѓе кои, со камиони и теренци превезувале турски државјани од Сараево преку државната граница до Хрватска, а потоа во Германија.

Турците легално пристигнале со авиони во Сараево, од каде што биле превземени од шверцери и илегално возени преку Босна и Херцеговина.

Членовите на СИПА следеа неколку вакви тури и го прекинаа синџирот на шверцери.

Уапсени се државјани на Босна и Херцеговина и на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот