Во Германија ќе поседуваат оружје тие што ќе поминат психолошки тест, нов закон за оружје по масакрот во Хамбург

Полиција Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Берлин подготвува нов закон за построга контрола на оружјето, со кој ќе биде предвидено потенцијалните сопственици да бидат подложени на тест за психолошка способност, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, по смртоносното пукање во салата на Јеховините сведоци во Хамбург.

Таа истакна дека пукањата во последно време укажуваат на потребата од нов закон.

Германската полиција денеска соопшти дека во пукотницата синоќа во верскиот центар на Јеховините сведоци во Хамбург загинале осум лица, а некои се тешко повредени.

„После тоа, вооружениот напаѓач, кој уби седум лица, изврши самоубиство пред споменатиот центар“, изјави денеска сенаторот за внатрешни работи на Хамбург, Енди Гроте.

Брзата полициска реакција спречи уште поголема трагедија, рече Гроте, додавајќи дека напаѓачот дејствувал сам.

Германскиот државен обвинител изјави дека напаѓачот е германски државјанин и имал дозвола за носење пиштол.

Меѓу жртвите се четворица мажи, две жени и седуммесечно неродено бебе

ВИДЕО: Пукање во Хамбург, седуммина убиени во црква на Јеховините сведоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот