Во функција три пункта за дезинфекција во Куманово

Во Куманово од денеска почнаа да функционираат три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот, објави денеска градоначалникот, Максим Димитриевски. До крајот на оваа недела се очекува да бидат поставени безконтактната опрема на сите влезови од градот.

– Благодарност до тимот од средно техничко училиште за произведената опрема, вработените во јавните претпријатија и тимовите на МВР за дежурствата на пунктовите. Апелирам до возачите да ги следат напатствијата и хоризонталната сигнализација за да се запази процесот на дезинфекција и да не дојде до оштетување на опремата, објави Димитриевски.

Професори од средното техничко училиште „Наце Буѓони” од Куманово со поддршка на општината изработуваат опрема за автоматски пунктови за дезинфекција, која треба да биде поставена на дванаесетте влеза и излеза во Куманово. Уредите овозможуваат автоматска дезинфекција на автомобилите кои влегуваат и излегуваат од градот

На денешната седница на општинскиот кризен штаб Куманово беше побарана и асистенција од МВР на овие пунктови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот