Во фудбалот ќе се тестира портокаловиот картон

Фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Покрај црвениот и жолтиот картон од сезоната 2024/2025 како тест проект во второто по ранг англиско натпреварување, Чемпионшип ќе се користи и портокалов картон.

Станува збор за картон кој ќе се доделува поради очигледни тактички прекршоци и недолично однесување, а фудбалерот кој ќе го добие ќе биде исклучен од игра „десет минути“. Воведувањето во англискиот Чемпионшип го потврди Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) на годишниот состанок во Лондон.

Интересно е што овој картон нема да го доделува главниот судија, туку четвриот и ќе биде вграден во неговата електронска плоча. Веројатно тој и ќе го мери неговото отсуство.

Ако тестот се покаже како успешен тогаш, многу брзо ова правило би било воведено и во останатите европски првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот