Во Европа сега има повеќе новозаболени отколку во март

Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа / Фото Архива на Слободен печат

Ситуацијата во врска со коронавирусот во Европа е сериозна, бидејќи регистрираното неделно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 сега е поголемо отколку во март, кога пандемијата го достигна првиот врв на тој континент, предупреди денеска Ханс Клунге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

Минатата недела, вкупниот неделен број на регистрирани случаи во Европа надмина 300.000, а повеќе од половина од европските земји во изминатите две недели забележаа пораст на бројот на случаи од повеќе од 10 проценти, додека во седум од тие земји двојно се зголеми бројот на новозаразени, истакнува Клуге во официјално соопштение.

Строгите анти-епидемиски мерки дадоа резултати во текот на пролетта и почетокот на летото, така што бројот на нови случаи на Ковид-19 во јуни беше на најниско ниво досега, но зголемувањето на бројот на заразени во септември треба да послужи „како повик за будење за сите нас”, предупредува Клуге.

Иако зголемувањето е делумно одраз на проширениот обем на тестирање, тоа исто така укажува на вознемирувачка стапка на пренесување на Ковид-19 низ европскиот регион, а повеќето нови случаи во првата недела од септември сè уште меѓу населението на возраст од 25 до 49 годинисе вели во соопштението.

Во Европа досега се регистрирани 4.893.614 случаи на Ковид-19, од кои 226.524 лица починале од оваа болест, но овие податоци се само дел од приказната, бидејќи влијанието на пандемијата врз нашето ментално здравје, економија, средства за живот и општеството е огромно, истакнува Клуге и повикува на поголемо единство во Европа и засилени напори за совладување на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот