Во Еквадор на референдум изгласани мерките за борба против криминалните банди

Референдум во Еквадор/Фото: EPA-EFE/Jose Jacome

На референдумот во Еквадор граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за заострување на безбедносните мерки поради зголеменото насилство од криминалните групи во земјата.

Претседателката на Националниот изборен совет, Дијана Атамаинт, објави дека граѓаните на Еквадор гласале за сите безбедносни мерки, и оти отфрлиле два контроверзни економски предлози.

– Ја одбранивме државата. Сега ќе ги имаме потребните алатки за борба против криминалците и за враќање на мирот на семејствата на Еквадор, напиша на социјалните мрежи еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.

Мерките изгласани на вчерашниот референдум, на кој право на глас имаа околу 13 милиони граѓани, меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога.

Минатата година, стапката на убиства во Еквадор достигна 40 смртни случаи на 100.000 луѓе, што е една од највисоките во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот