Во Дортмунд живеат „доктори“ за трансфери, а тоа се докажа и летово

Карим Адејеми потпиша договор со Дортмунд до 2027 година/Фото: EPA-EFE/Philipp Guelland

Борусија Дортмунд го продаде Ерлинг Халанд ова лето, но донесе неколку одлични засилувања. Беше јасно дека германскиот клуб тешко ќе го задржи Норвежанецот бидејќи летово имаше активна откупна клаузула од 80 милиони евра која Манчестер сити веднаш ја активираше.

Халанд кариерата ја продолжи во дресот на „граѓаните“, а Дортмунд доби 80 милиони евра. Заминувањето на Халанд се чини дека не е проблем за „милионерите“ бидејќи веќе ангажираа неколку големи засилувања.

Германскиот клуб промовираше нови играчи за новата сезона и уште еднаш на сите им покажа дека луѓето во клубот се вистински „доктори“ кога се во прашање трансферите.

Дортмунд го доведе Себастијан Алер од Ајакс кој зад себе има неверојатна сезона во која постигна дури 34 гола. За него издвоија 30 милиони евра, а во нападот ќе му се придружи и Карим Адејеми кој пристигна од Салцбург.

Адејеми беше на „мета“ на многу клубови, но на крајот се реши за Дортмунд и се чини дека го направи вистинскиот избор. Тој минатата сезона постигна 23 гола за австрискиот клуб и покажа за каков талент се работи.

Дортмунд го доведе и Нико Шлотербек, кој во Фрајбург одлично се снајде како дефанзивец. Покрај него, од Баерн без надомест дојде Никлас Суле откако му истече договорот.

Тимот предводен од Един Терзиќ ги доведе уште Џејден Брааф, Салих Озџан, Марсел Лотка и Александар Мајер. За сите тие играчи потрошија помалку пари отколку што добија со продажбата на Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот