Во близина на Атина спасени 97 мигранти, кај еден од нив била најдена дрога

ФОТО: МИА

Во морскиот дел североисточно од островот Кеа, што се наоѓа во близина на Атина, грчката крајбрежна служба вчера спасила 97 мигранти, а меѓу нив биле и четворица криумчари кои се уапсени.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, чамецот тргнал од турскиот град Измир, крајната дестинација била Италија, а за „патувањето” мигрантите им платиле по 8.000 евра по човек на криумчарите кои престојуваат во Турција.

Крајбрежните служби на островите Кеа и Андрос, вчера наутро биле информирани дека во морскиот дел се наоѓа чамец во тешка позиција и веднаш започнала спасувачка акција, а спасените мигранти биле префрлени на пристаништето Лаврио во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

„Во рамките на прелиминарната истрага спроведена од крајбрежната служба во Лаврио со асистенција на припадници на Дирекцијата за безбедност и заштита на поморските граници произлезе вмешаност на четворица криумчари меѓу 97-те странски државјани, кои и беа уапсени“, соопштија од грчката крајбрежна служба и додадоа дека кај еден од биле пронајдени 12,6 грама, најверојатно, наркотична супстанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот