Во Битола и Струмица загадувањето падна „за влакно“ под прагот, па МЖСПП ги укина мерките

Скопје загаден воздух аерозагадување
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.1.2023 година среднодневните концентрации на ПМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар воздух и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и во Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со ова во ниту еден град нема мерки, односно секаде има загадување со прав, но тоа е под прагот на алармирање.

Инаку, во Струмица и во Битола среднодневната концентрација на ситни честички за вчерашниот ден е минимално под дефинираниот праг за алармирање од 150 мцг/м3 и за Струмица изнесува 149,7 , а за Битола 145.

Краткотрајниот ветер ја прекина опасната и долготрајна епозида со прекумерно загадување во Струмица, која почна на 21 декември и траеше 16 дена. За сето време среднодневните концентрации на ситни честички беа над 150 микрограми на кубен метар воздух, а од 23 до 28 декември над 200.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот