Во Белград е критична состојбата со бројот на заразени со новиот коронавирус

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека состојбата со бројот на заразени со новиот коронавирус во Белград е критична. Според него, мора да се спречи понатамошно пренесување за да се зачува здравиот систем.

Во изјава за српски медиуми, тој додаде дека бројот на заразени со Ковид-19 во Белград се намалува во целокупната структура на заразените, „што значи дека инфекцијата се шири”.

На прашањето дали се разгледува затворањето на државата, што е чекор за кој во овој момент се одлучија многу европски земји, тој рече дека „може да се изврши одреден вид затворање, и дека се забранети одредени работи”, но дека ќе биде дефинирано и можно ограничување на движењето на некој друг начин отколку во почетокот на епидемијата, кога беше воведен „полициски час”, јави Бета.

Кон додадедека во моментов има големо присуство на респираторни инфекции, особено кај децата.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот