Во Атина претепан Јанис Варуфакис, поранешен министер за финансии

Јанис Варуфакис
Јанис Варуфакис/ Фото: EPA-EFE/Fernando Alvarado

Поранешниот грчки министер за финансии бил нападнат пред ресторан во Атина. Јанис Варуфакис е грчки економист, основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност (MeRA25) и поранешен министер за финансии на Грција. Тој бил нападнат и претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија, пред ресторан каде што седел со пријателите.

Според првичните информации, група луѓе му пришле на Варуфакис кој бил во ресторанот, почнале да го навредуваат и туркаат и на крајот физички го нападнале, пренесува порталот Катимерини.

Еден напаѓач го удрил Варуфакис во лицето и го повредил, поради што бил пренесен во болница каде му била констатирана фрактура на носната коска.

Партијата на Варуфакис МеРА25 објави дека тој бил подложен на „храбар фашистички напад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот