ВМРО-ДПМНЕ за излегувањето на Павле Трајанов од власта: Сите го напуштаат бродот што тоне

Фото: Архива на „Слободен печат“

„Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз“, пишува во соопштението кое вечерва до медиумите го испрати опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ја поздравуваат одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваат и другите партии да го следат таквиот пример и да не бидат „соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата“.

„Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само „Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал“, велат од партијата.

„Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори. Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот